Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Европски Самит во Брисел: Делегациите далеку од договор за користење на рускиот „замрзнат“ имот за финансирање на Украина, се подготвува план Б

/

пред 299 дена

Сподели преку :

Челниците на Европската Унија (ЕУ) се усогласија по сите точки на дневниот ред на самитот во Брисел, од проширување до Блискиот исток и мигрантите, но пред нив е долга ноќ, бидејчи на маса остана најтешкото прашање – финансирањето на Украина. Делегациите се сè уште далеку од договор, пишува „Политико“, повикувајќи се на изјави на европски претставници.

Во слуќај на неуспех на преговорите, дипломати на ЕУ разгледуваат правен маневар за заобиколување на унгарската блокада. Алтернативниот план би овозможил заедничко задолжување за помош на Украина и се темели на механизмот познат како „засилена соработка“. Главната опција, користење на „замрзнатите“ руски средства и натаму е на маса, но наидува на препреки поради проговорите на Белгија.

Група на држави предводени од Италија и Белгија заговара активирање на „засилена соработка“ која на Унијата би овозможила да го заобиколи правилото на едногласност. Иако таквиот договор и натаму би барал одобрување од сите 27 земји членки, конечниот аранжман би предвидувал дека во финансирањето би учествувала мала група на земји, исклучувајќи ја Унгарија.