Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Европскиот суд ја одби тужбата на Абрамович за укинување на санкциите против него

/

пред 1042 дена

Сподели преку :

Поранешниот сопственик на англискиот фудбалски клуб Челзи Роман Абрамович го изгуби судскиот случај против ЕУ за укинување на санкциите за него, поради неговата улога во руската инвазија на Украина.

Абрамович тужбата ја поднесе во Општиот суд на ЕУ, која минатата година воведе санкции против 57 годишниот руски олигарх како дел од мерките против Русија и блиските соработници на претседателот Путин.

Општиот суд ја отфрла претставката поднесена од г-нот Абрамович, со тоа потврдувајќи ги рестриктивните мерки против него. Советот, всушност, не погрешил во својата проценка со тоа што одлучил да го вклучи името на г-дин Абрамович на спорните списоци, поради неговата улога во групата Евраз и, особено, нејзината матична компанија, се вели во соопштението на судот.

Воведувајќи ги санкциите ЕУ минатата година соопшти дека Абрамовиќ имал привилигиран пристап до Путин и одржувал многу добри односи со него, што придонело олигархот да го зачува своето значително богатство.

Абрамович, кому исто така му беше одбиено и барањето за финансиска компензација, може да се жали на пресудата.