Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Европските земјоделци со протести ги дочекуваат лидерите на членките на ЕУ во Брисел

/

пред 984 дена

Сподели преку :

Белгиските фармери со тешка земјоделска машинерија рано утрово пристигнаа во Брисел протестирајќи пред денешниот самит на лидерите на 27-те членки на унијата. По неколку неделни протести, денешниот самит чија цел беше продолжување на финансиската помошта за Украина во војната против Русија, европските земјоделци успеаа да ги наметнат своите проблеми во агендата на шефовите на држави и влади.

Голем дел од фармерите кои протестираа изминативе денови се млади луѓе кои водат семејни фарми и кои се чувствуваат потиснати од високите цени на енергијата, евтини увозни производи од трети земји кои не мораат да ги почитуваат строгите правила на ЕУ, инфлацијата и климатските промени кои ги сушат, поплавуваат или опожаруваат нивните посеви.

Протестите на европските фармери траат подолго време а најнезадоволни и најгласни се Французите, Белгијците и Италијанците, на кои од денеска им се приклучија и Португалците, вчера ги блокираа најпрометните автопати во своите земји обидувајќи се да го попречат увозот на евтини производи од странство.

По тоа Европската комисија веднаш објави план како да ги заштити европските земјоделци од евтиниот увоз и да им дозволи обработување земјоделско земјиште кое поради правилата за справување со климатските промени беше забрането да се употребува.

Промените кои ЕК ги предлага треба да бидат одобрени од сите 27 шефови на држави и влади, но дури и тоа да помине без никакви приговори на денешниот самит во Брисел, чекорот на челниците на ЕУ сепак претставува само симболична отстапка.