Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Eвзони од синоќа затворен, граѓаните патуваат преку Дојран

/

пред 318 дена

Сподели преку :

Граничниот премин Евзони од синоќа е затворен поради блокада од грчки земјоделци, кои протестираат со трактори, со што сообраќајот за влез и излез од Грција е во прекин.

Автомобилите и автобусите кои планираат да патуваат кон јужниот сосед се пренасочуваат кон граничниот премин Дојран, каде сообраќајот се одвива непречено.

Земјоделците, кои протестираат веќе петти ден, паркираа над 150 трактори на Евзони и дополнителни околу 130 од Јаница, а нивните акции се проширени и на автопатите во внатрешноста на Грција. Блокадите се одржуваат без претходни најави, а на некои места дури поставија и новогодишни елки како порака дека нема да отстапат.Протестите започнаа во неделата и се очекува постепено интензивирање, додека граѓаните се советуваат да користат алтернативни премини и да ги следат информациите за сообраќајот пред патување.