Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

„Фајнанс тинк“: Храната веќе не ја подгрева инфлацијата, притисокот доаѓа од високата побарувачка

/

пред 426 дена

Сподели преку :

Цените на храната повеќе не се главен двигател на инфлацијата во земјава, покажува новата анализа на Институтот за економски истражувања и политики „Фајнанс тинк“.

Инфлацијата, која во јули достигна 4.8% на годишно и 1.1% на месечно ниво, сега е поттикната од засилена домашна побарувачка, високи реални доходи и цените во услужниот сектор – особено кај рестораните, туризмот и сместувањето.

Институтот препорачува воздржување од интервенции врз цените на храната и фокус кон политики што ја стабилизираат побарувачката и ги вкотвуваат инфлациските очекувања.

„Фајнанс тинк“ предупредува дека широка фискална поддршка, како зголемени пензии, може дополнително да ја подгрева побарувачката и со тоа инфлацијата. Наместо тоа, потребна е прецизно насочена помош кон ранливите групи – домаќинства со ниски примања, самохрани родители и стари лица – без нарушување на пазарната динамика.

Исто така, Народната банка треба да биде подготвена за одржување или заострување на монетарната политика, со цел долгорочна стабилност на цените.

Според податоците, месечниот раст кај цените на услугите надминува 2%, а годишниот раст кај туристичките аранжмани е дури 84.1%.

Потрошувачката на домаќинствата и потрошувачките кредити покажуваат силен раст, што дополнително ја подгрева инфлацијата.

Според „Фајнанс тинк“, овие трендови укажуваат дека инфлацијата е резултат на домашни фактори, а не на цените на храната или глобалните пазари.