Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

„Фајненшл тајмс“: Американската помош нема да ја спаси Украина

/

пред 913 дена

Сподели преку :

Помошта која што ни ја дава САД само ни купува време нам и на ЕУ веќе една година, а најверојатно секоја следна помош ќе биде се помала, тврдат Украинците.

Украинските воените аналитичари предвидуваат дека за украинската војска претстојат тешки времиња, во обидот да го спречат напредувањето на руските сили.

Претставничкиот дом на американскиот Конгрес во саботата одобри пакет на воена помош вреден околу 60 милијарди долари по неколкумесечните одлагања.

Западни и украински официјални лица истакнуваат дека дел од материјалот, вклучувајќи оружје и муниција, веќе се наоѓаат во складиштата во Полска и другите европски земји и може да се транспортираат во Украина.

Украинските војници за „Фајненшл тајмс“ изјавиле дека се борат против руските сили немилосродно, но и дека не можат соодветно да одговорат на нападите.