Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Фатен нов див приклучок на вода во Сарај – поднесена кривична пријава

/

пред 477 дена

Сподели преку :

Oткриен нов див приклучок на водоводната мрежа во општина Сарај. Сторителот нелегално се поврзал на системот за питка вода и ја користел за наводнување на неколку илјади квадратни метри пластеници. Против него е поднесена кривична пријава, а случајот го преземаат надлежните институции, информира Град Скопје.

Од ЈП Водовод и канализација – Скопје посочуваат дека токму ваквите нелегални приклучоци ја оштетуваат водоводната мрежа и доведуваат до сериозен недостиг на вода, особено во урбаните и руралните подрачја.

Мониторинг-системот покажал енормна потрошувачка на вода во јуни, достигнувајќи рекордни 356.000 м³ дневно, што е еквивалент на 700 литри вода дневно по жител.

Надлежните апелираат дека потребна е поактивна реакција од институциите како МВР и Јавното обвинителство за да се стави крај на ваквите злоупотреби.

Од Град Скопје предупредуваат дека неказнивоста создава чувство на безредие и охрабрува нови прекршители.