Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Фатен со 1.303 парчиња електронски цигари без придружни дозволи – македонски државјанин приведен во Србија

/

пред 183 дена

Сподели преку :

Македонски државјанин е приведен во Србија, откако во неговото возило пронашле електронски цигари „Вајп“ во вредност од 1,3 милиони динари за кои немал придружни дозволи, пренесуваат српските медиуми.

Лицето е осомничено за сторено кривично дело „нелегална продажба на акцизни стоки“, соопшти МВР на Србија.

Во Прешево, полициски службеници пронашле вкупно 1.303 парчиња електронски цигари „Вајп“ од различни марки во багажниот простор на патничкото моторно возило управувано од осомничениот Х.К. (31), кое го превезувал без придружни дозволи и одобренија издадени од надлежните органи на Србија.