Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Фатен со 96.000 сомнителни долари во близина на Генерал Јанковиќ – македонски државјанин уапсен на Косово

/

пред 932 дена

Сподели преку :

Државјанин на Македонија е уапсен во близина на „Генерал Јанковиќ“ под сомнение дека се обидел на внесе фалсификувани девизи на Косово, сооопшти косовската полиција. Од таму додаваат дека кај приведениот И.Д. (54) се пронајдени и запленети 96.000 американски долари.

„Осомничениот го уапсиле полициски службеници на дело, при обид да стави во промет поголема количина на американски долари за кои се сомнева дека се фалсификувани. Осомничениот продал 100 лажни долари за 40 евра“, се наведува во соопштението на косовската полиција.

При полициската акција се одземени 960 парчиња на банкноти по 100 долари или вкупно 96.000 долари, возило на осомничениот, како и неговиот мобилен телефон. Лицето е сослушано во присуство на адвокати, а потоа, со одлука на тужител, му е одреден притвор во траење од 48 часа.

Фалсификувани девизи, пред сè евра, се честа појава на Косово. Во дневните полициски билтени, речиси, секојдневно се бележат вакви и слични појави. На Косово најпрво беше повлечена од употреба монетата од 2 евра, а минатиот месец на сила стапи и Уредба за повлекување на банкнотата од 500 евра поради дистрибуција на фалсификати.

Фото: косовска полиција