Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Фатмир Лимани за социјална политика, Бесар Дурмиши за економија и труд, Седат Сулејмани заменик министер за култура – Беса ги соопшти своите кандидати за членови во владата

/

пред 857 дена

Сподели преку :

Собранието на Движењето Беса денеска на состанок едногласно ги избрало кандидатите за членови во новата Влада, кои треба да бидат избрани во Парламентот.

„Собранието на Движењето Беса одлучи Фатмир Лимани да биде кандидат за министер за социјална политика, демографија и млади, Бесар Дурмиши за министер за економија и труд, додека Седат Сулејмани е кандидат за заменик-министер за култура и туризам“, соопшти партијата на Биљал Касами која е дел од коалицијата „Вреди“.

Во соопштението од Беса наведуваат дека на состанокот се разговарало за приоритетите и заложбите на партиските кадри во идната влада при што едногласно било утврдено дека „партиските претставници во Собранието и во извршната власт без компромис ќе се посветат на трите најприоритетни точки од владината програма – борбата против криминалот и корупцијата, реализација и имплементација на условитe за интеграција на земјата во Европската Унија и економски развој на државата“.