Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Фатон Ахмети заминува од ФЗО за да се посвети на визијата на Али Ахмети

/

пред 1161 дена

Сподели преку :

Партиските задачи и визијата на парискиот лидер Али Ахмети во фокусот на оставката вториот директор на ФЗО  Фатон Ахмети. Во директорската фотеља е од окотмври 2020 година  а си заминува со кусо о образложение што објави на Фејзбук.

Секоја задача има свој почеток и свој крај. Денеска објавувам дека поднесов оставка од функцијата генерален директор на ФЗОМ. Ви благодариме за плодната поддршка и соработка во овој период. Ви благодарам за поддршката и плодната соработка при извршување на ова функција. Мојот ангажман ќе го продолжам фокусирајќи се на партиските задачи, со максимална посветеност во остварување на визијата на Али Ахмети –Фатон Ахмети, директор на ФЗО

Тој е генерален секретар на ДУИ од октомври лани кога на централно претседатество на пртијата се решаваа  проблемите мегу давата соротивставени табори “огнените” и “артанистите”. Во неговата биографија на сајтот на фондот покрај образованието работноо искуство и вештините истакнат е и податокот дека е член на ДУИ од 2005та година

Неговото име во медиумите интензивно го  споменуваа за време на хакерскиот напад на ИТ систмеот во Фондот . Тогаш тој беше отсутен додека фондот се соочуваше со проблеми.  А на прозивките на јавноста одговори преку фејсбук дека не е на одмор туку дека е во САД на покана на Стејт департментот на програсма планирана неколку месеци однапред.

На чело на ФЗО има двајца директори а покрај Ахмети е и Магдалена Филиповска Грашкоска.

 

Елена Ивановска  Мукоска