Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Фатон Љури призна вина за сообраќајната несреќа во која животот го загуби Југослав Николовски

/

пред 365 дена

Сподели преку :

Обвинетиот Фатон Љури призна вина за сообраќајната несреќа во која животот го загуби Југослав Николовски. Според обвинението, тој управувал мотор без возачка дозвола по пешачка патека со брзина неприлагодена на условите, со што предизвика тешка несреќа.

Николовски се здоби со тешки телесни повреди, на кои подоцна им подлегна во болница, и покрај укажаната медицинска помош. Обвинителството го товари Љури и за тоа што по несреќата го оставил моторот и го напуштил местото без да му укаже помош на повредениот.

Тој, пак, на судското рочиште негираше вина за ова дело. „Се чувствувам виновен за сообраќајката. Големо сочувство до фамилијата. Да можам нешто да сменам – би сменил.Но не е точно дека не укажав помош. Бев таму и давав помош, имаше и двајца полицајци“, изјави обвинетиот.

Случајот предизвика внимание во јавноста поради тежината на последиците и околностите под кои се случила несреќата.