Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Фемицид во Битола: Сопругот со нож ја убил 31-годишната жена

/

пред 143 дена

Сподели преку :

Сопруг кој ја усмртил 31-годишната жена во битолската населба Баир, според полицијата се сомничи дека тоа го сторил утрово околу 6:40 часот. Тој со нож ја нападнал сопругата со која не живееле заедно, а од здобиените повреди таа починала на лице место.

„Утрово околу 06:40 часот со нож ја нападнал неговата сопруга А.В.(31) од Битола, со која не живееле заедно, а која од здобиените повреди починала на местото. Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт“, стои во соопштението на МВР.

Лицето е задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот, во координација со јавен обвинител, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Издадена е наредба за обдукција за починатата, а од лице место се подигнати траги и материјални докази кои ќе бидат предмет на вештачење, велат од ЈОРСМ.

Убиена млада жена во битолската населба Баир