Tурскиот министер за надворешни работи Хакан Фидан предупреди дека ризикот од ширење на руско-украинската војна е поголем од кога и да е и дека не може да се исклучи употребата на нуклеарно оружје и оружје за масовно уништување во конфликтот, пренесува Анадолија.
Шефот на турската дипломатија ја повтори поддршката на Анкара за територијалниот интегритет, суверенитет и независност на Украина и посочи дека Турција од самиот почеток вложува дипломатски напори за завршување на војната, нагласувајќи ја улогата на Анкара во одржувањето на преговорите меѓу завојуваните страни, таа е посредник во размената на затворениците и во функционирањето на Црноморската иницијатива за жито.
Според Фидан конфликтот во Украина ја влошил глобалната поларизација..Во однос на учеството на Русија во преговорите, Фидан истакна дека одржливо решение може да се постигне само со вклучување на сите страни.











