Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Филипче најави разговори за коалиции во втор круг – продолжуваат обвинувањата меѓу опозицијата и власта

/

пред 417 дена

Сподели преку :

Социјалдемократскиот сојуз на изборите ќе настапи со постоечката коалиција – но, само во првиот круг. За вториот круг можни се комбинации и се најавуваат разговори со други партии.

Лидерот Филипче информира и дека до почетокот на следната недела ќе ги презентираат кандидатите за останатите општини каде што сѐ уште се очекуваат имињата.

„Во однос на коалициите, во првиот круг на изборите настапуваме со нашата постоечка коалиција. Во однос на вториот круг, ќе разговараме и со другите партии од албанскиот блок“, вели Венко Филипче, претседател на СДСМ. 

Претседателот на СДСМ и денеска упати остри зборови кон политичките опоненти, го прозва премиерот Мицкоски за ширење невистини дека опозицијата подготвува дестабилизација во изборниот период, а власта ја искритикува и за економските политики.

Одговор пристигна и од владејачката партија – СДСМ се враќа кај старите партнери во криминал и корупција, велат оттаму.

„Еве досега требаше да се случи некаква дестабилизација затоа што премиерот нѐ обвинува за тоа подолг временски период, а не сега само во очи на изборите. И тоа е нешто што му е потребно затоа што нема за што да се пофали. Додека ВМРО-ДПМНЕ е на власт, противниците на Македонија мирно спијат“, вели Филипче. 

„Филипче зборува за чест и борба за граѓаните, а го видовме како ужива на јахти во друштво на транзициски олигарси додека народот едвај врзуваше крај со крај. И денес, наместо да одговори чива е јахтата, тој се заплеткува во лаги и полувистини. Народот го гледа тоа и знае дека СДС е партија на тајкуни и тендери, а не партија на граѓаните. За коалиции? Филипче сам призна дека СДС и ДУИ повторно се едно исто. Денеска Филипче јавно најави коалиција со ДУИ“, одговори Бојан Стојаноски од ВМРО-ДПМНЕ. 

За економијата, Филипче вели дека минималната синдикална кошница урива рекорди, растат трошоците додека стагнираат платите, а стандардот на граѓаните пропаѓа.

Од ВМРО-ДПМНЕ со контра-обвинувања дека претходната власт ја донесе највисоката инфлација, најскапата струја и гориво, најголемата сиромаштија.

Петар Догов