Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Финансиската полиција апси луѓе и претресуваат објекти на повеќе локации во Неготино, Кавадарци, Битола и Охрид

/

пред 1070 дена

Сподели преку :

Обвинителството за организиран криминал и финансиската полиција од утринава апсат луѓе и претресуваат објекти на повеќе локации во Неготино, Кавадарци, Битола и Охрид.

  • Акцијата е резултат на повеќемесечна предистражна постапка, под кодно име „Синџир“, за кривични дела против јавните финансии, платниот промет и стопанството, соопштуваат од Јавно обвинителство.

Во обвинителството велат дека акцијата е сè уште во тек и затоа не можат да кажат повеќе детали. Телма дознава дека меѓу осомничените има сопственици и управители на повеќе фирми.

Повеќе информации се најавени по завршувањето на акцијата.