Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Финки добива две згради – ќе се доградуваат недовршените објекти на општествениот кампус на УКИМ

/

пред 243 дена

Сподели преку :

Барокните згради на општествениот кампус на УКИМ кои над една деценија стојат недовршени, конечно, ќе почнат да се доградуваат. Од Министерството за образование и наука (МОН) соопштија дека завршил рокот за аплицирање на тендерот за нови проекти за градба, кој беше објавен минатата година врз основа на стручната анализа за состојбата во која се сега недоградените објекти.

Некои од потребите, како и стандардите за градење, од 2013 година кога почнала изградбата, сега се сменети, па оттука е донесена одлука ѝ наведено е во тендерот двата објекта да бидат наменети само за Факултетот за информатички технологии и компјутерско инженерство (ФИНКИ), бидејќи една зграда не ги задоволува потребите, ниту на овој, ниту на Факултетот за физичко образование, спорт и здравје, за кој беше наменет другиот објект.

За факултетот за физичко образование, според министерството за образование, се планира реновирање на веќе постоечката зграда.