Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Фити: Кај цените да се делува со индиректни мерки

/

пред 478 дена

Сподели преку :

Академик Таки Фити предупреди дека доколку продолжи конфликтот меѓу Иран и Израел, може да се активираат инфлациски тенденции што би влијаеле негативно врз македонската економија.

Тој посочи дека зголемувањето на производните трошоци ќе биде сериозен проблем за домашните бизниси, поради увозна зависност и раст на цените на енергенсите.

Во однос на цените на прехранбените производи, Фити се залага за индиректни мерки наместо директни интервенции како замрзнување на цени, предупредувајќи дека такви мерки се контрапродуктивни на долг рок. Ја повика Комисијата за заштита на конкуренцијата да постапува проактивно против монополско однесување.

Тој посочи и на неефикасноста на системот на земјоделски субвенции, кои според него често не стигнуваат до вистинските производители. Фити предложи промена на моделот на субвенционирање и дополнителни мерки за поддршка на земјоделството како клучен сектор за економскиот развој.