Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Фон дер Лајен и Кошта со порака до Вучиќ: Сакаме да видиме демократска Србија во ЕУ

/

пред 297 дена

Сподели преку :

Остануваме целосно посветени на тоа да видиме демократска Србија во ЕУ. Можете да сметате на нашата поддршка, рекоа претседателите на Европската комисија и на Европскиот совет, Урсула фон дер Лајен и Антонио Кошта, по средбата со српскиот претседател Александар Вучиќ.

Фон дер Лајен и Кошта на социјалната мрежа Икс објавија оти разговарале со Вучиќ за важноста од забрзување на реформите, особено во областите на владеењето на правото и слободата на медиумите.

-Нагласивме дека проширувањето е геостратешки императив, како и потребата Србија повеќе да се усогласи со надворешната и безбедносната политика на ЕУ. Исто така, ги поздравивме чекорите на Србија за диверзификација на изворите и рутите за снабдување со енергенси и за намалување на зависноста од Русија, чија несигурност е постојано демонстрирана, објавија Фон Дер Лајен и Кошта.