Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Фон дер Лајен и Ковачевски со заеднички став за чист македонски јазик во договорот со Фронтекс – испратен повик до опозицијата за усвојување на уставните измени

/

пред 1439 дена

Сподели преку :

Денес е голем ден за Северна Македонија и за македонскиот народ. Денес го потпишавме Договорот Фронтекс на македонски јазик, без фусноти, без додавки и без ѕвездички. Тоа е ветувањето кое јас го дадов и го исполнив, рече премиерот Димитар Ковачевски на заедничката прес-конференција со претседателката на Европската комисија Урсула Фон дер Лајен.

Ова, како што рече Ковачевски, е првиот официјален договор потпишан меѓу Северна Македонија и ЕУ на кој стои чист македонски јазик, заедно со сите други јазици во Унијата.

Тој ја повика опозицијата во Собранието на обединување заради европската иднина на државата, а тоа, напомена, се однесува на преговорите со ЕУ, но и на уставните измени кои ја очекуваат земјава веднаш по завршувањето на скринингот.

„Уште еднаш ја повикувам опозицијата во Собранието да се обединиме заради иднината на државата. Тоа се однесува на преговорите со ЕУ, но и на уставните измени кои не очекуваат веднаш штом завршиме со процесот на скринингот. За жал, се однесува и на сегашното однесување на опозицијата. Ние не смееме повеќе да си дозволиме извештај на ЕК да нотира дека опозиција блокира европски реформи во Собранието. Не смееме повеќе да си дозволиме позицијата да работи забрзано кон ЕУ, а опозицијата да биде сидро на деструкција и спротивен правец, истакна Ковачевски.

Ви ветив дека ќе го потпишеме договорот со Фронтекс, преведен на македонски јазик, без фусноти, без ѕвездички, на еднакво рамниште со сите 24 јазици на Европската Унија и денес испорачуваме резултати, оцени претседателката на ЕК, Урсула фон дер Лајен.

Таа потсети дека има 24 службени јазици во Европската Унија, изразувајќи ја својата убеденост дека нема да треба многу време кога таков статус ќе има и македонскиот јазик.

„Македонскиот јазик е навистина прекрасен јазик“ – изјави фон дер Лајен.

Таа го изрази и својот оптимизам дека ќе се постигне мнозинство во македонското собрание и уставните измени ќе бидат изгласани.

„На билатералната средба зборувавме за оваа важна тема за уставните измени. Сигурна сум дека луѓето од Северна Македонија ќе постигнат мнозинство и ќе гласаат позитивно за уставните измени. Постигнавте многу, бевте успешни во напредувањето и сигурна сум дека ќе најдете убедливи аргументи за сите да сфатат дека сите се одговорни за придонес кон тоа земјата да се движи напред. Ги повикувам сите политичари да го остварат сонот на младите луѓе кои сакаат да се дел од ЕУ, рече Претседателката на Европската Комисија.