Царина од 30 проценти на извозот од Европската Унија би им наштетила на бизнисите, потрошувачите и пациентите од двете страни на Атлантикот, напиша претседателката на Европската комисија, Урсула Фон Дер Лајен на платформата Икс.
„Ќе продолжиме да работиме кон постигнување договор до 1 август. Истовремено, подготвени сме да ги заштитиме интересите на ЕУ врз основа на пропорционални противмерки“, додаде таа.
Американскиот претседател Доналд Трамп денеска воведе царини од 30 отсто на увозот од Европската унија, кои ќе стапат во сила од 1 август.
Новите царини се објавени во писмо што Трамп го објави на социјалната мрежа Трут Соушл.











