Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Формирање Агенција за книга бараат одбиени автори на конкурсот на Министерството за култура и туризам

/

пред 240 дена

Сподели преку :

Формирање Државна агенција за книга, бара писателот и новинар Ѕвездан Георгиевски. Тој е еден од одбиените автори на конкурсот на Министерството за култура и туризам, за поддршка на проекти од национален интерес, во областа на литературата и издавачката дејност. Георгиевски смета дека конкурсот е спроведен паушално и без стратегија, а решение на проблемот е Агенција за книга.

  • Агенцијата за книга е она што го има во светот одамна- агенти. Значи некој што ќе се грижи за авторот, кој ќе учествува на разни конкурси, во разни држави. Кој ќе се гриши за преводот и ќе се гриши за пласманот на книгата. Секоја година Министерството поддржува повеќе стотини проекти во однос на издаваштвото. А, ние немаме 30 книжарници во Македонија, кажа Свездан Георгиевски, писател и новинар.

Комисијата за литература и издаваштво при министерството не го прифатила експерименталното четиво на Георгиевски, насловено „ Сликовница за возрасни“ или „ Дедо Митре го урива кровот“.

  • Идејата е ваква: Ако психолозите, педагозите велат дека сликовниците се многу важни, децата да ги научиме да читаат, да ги навикнеме на книги и т.н. Јас помислив дека прво родителите треба да ги научиме да читаат, за да ги научиме и децата, вели Георгиевски.

Од Министерството за култура и туризам велат дека творбата на Георгиевски не поминала на конкурсот зашто делумно ги исполнува сегментите за квалитет, човечки ресурси и финансиска оправданост , според кои комисијата го оценувала проектот. Тој не освоил најмалку 40 бода, за да биде избран проект од национален интерес, дополнуваат од министерството.

Георгиевски нема да се жали зашто преку Фондацијата „ Славко Јаневски“ конкурирал и подржана е наградата „ Роман на годината“ и електронското издание на последниот ракопис на Јаневски „ Планетариум на растенијата“.

Сотир Трајков

Б.С.