Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

(ФОТО) Австрискиот победник на Евровизија, Џеј Џеј, пречекан со овации во Виена

/

пред 518 дена

Сподели преку :

Фановите во Австрија со ентузијазам го пречекаа пејачot Џеј Џеј на аеродромот во Виена, откако победи на 69. издание на Евровизија со песната „Wasted Love“.

Додека Џеј Џеј минуваше низ вратата за пристигнување, стотици обожаватели извикуваа, пуштаа делови од неговата песна, го опкружуваа, го гушкаа и бараа автограми од новата ѕвезда.

Победничката песна на 24-годишниот контратенор, спојува оперски, повеќеоктавни вокали со техно елементи. Тој редовно настапува и во Виенската државна опера.

На пречекот, во едната рака го држеше трофејот, а во другата голем букет рози.

Џеј Џеј, чие целосно име е Јоханес Питш, стана трет Евровизиски победник од Австрија, по брадестата драг-кралица Кончита Вурст во 2014 и Удо Јиргенс во 1966 година.