Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

(Фото) Бугарската полицијата откри огромен подземен град со канабис во стар рудник

/

пред 158 дена

Сподели преку :

Трojцa луѓе се обвинети, а едно лице се бара откако бугарската полиција откри плантажа со канабис во 20 подземни галерии во стар рудник за цинк, објавија бугарските медиуми. 

Заменик-директорот на Генералната дирекција за борба против организираниот криминал, Емил Борисов, изјави дека досега се запленети околу 70 килограми дрога, 600.000 евра во готово и 600 парчиња муниција.

-Поранешниот рудник бил опремен со високотехнолошка инфраструктура и веројатно се користел за производство на големо наменето за шверц во странство, рече Борисов.

 

За време на брифингот, заменик-градскиот обвинител Вихар Михаилов истакна дека во рудникот има повеќе од 20 галерии (тунели) и дека сопственикот не е меѓу обвинетите.

На брифингот беа споделени фотографии кои покажуваат дека некои галерии се претворени во оранжерии, а други во живеалишта.
Според заменик директорот на Дирекцијата за рудатсво во Бугарија Дарин Костов, местото е како подземен град со објекти. Истрагата е во тек и веројатно ќе трае со месеци. Се очекува помош  од различни  организации, експерти за рударство.