Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

(ФОТО) Чад сè уште се издига утрово над московската концертна сала

/

пред 939 дена

Сподели преку :

Службите за итни случаи сè уште се на местото на нападот во голема концертна сала во Москва во кој загинаа повеќе од 60 луѓе, а над 100 други беа повредени.

Напаѓачите вчера влегоа во салата и отворија силен оган од автоматско оружје врз толпата која во концертната сала чекаше да почне концертот на познатата руска рок група „Пикник“, по што беше подметнат и пожар.

Групата Исламска држава ја презеде одговорноста за нападот во соопштение објавено на на социјалните мрежи.

Веднаш не беше јасно што се случило со напаѓачите, но државните инспектори случајот веднаш го означија како чин на тероризам.

Нападот е најсмртоносниот во Русија во последните години. Градоначалникот на Москва, Сергеј Собјанин, масакрот го нарече „огромна трагедија“.

Кремљ соопшти дека рускиот претседател Владимир Путин бил информиран неколку минути откако напаѓачите упаднале во концертната сала „Крокус“, во Москва, кое има капацитет да прими 6.200 луѓе.