Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

(ФОТО Галерија) Јулија Навални се збогува со својот сопруг на Инстаграм: „ТЕ САКАМ“

/

пред 979 дена

Сподели преку :

Сопругата на Алексеј Навални, Јулија, по веста за смртта на својот сопруг на инстаграм се збогуваше со него. Објави заедничка фотографија до која напиша: „ТЕ САКАМ“

Рускиот опозиционер и најголема закана за Путин и Кремљ пред два дена почина во руски затвор.

Во петокот попладне, веста за смртта на нејзиниот сопруг ја затекна на Конференцијата за безбедност во Минхен, каде таа и покрај страшната вест одлучи да се обрати пред присутните и порача:

„Ако веста за неговата смрт е вистинита, сакам Путин, целата негова придружба, пријателите на Путин, неговата влада да знаат дека ќе сносат одговорност за она што го направија за нашата земја, за моето семејство, за мојот сопруг“.

Јулија и Алексеј Навални имаат две деца, Дарија и Захар.