Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

(ФОТО) Голем број човечки жртви во поплавите во Источна Африка

/

пред 905 дена

Сподели преку :

Поројните дождови кои ги зафатија Кенија, Танзанија, Бурунди и Уганда предизвикаа големи поплави во овие земји во кои до сега животот го загубиле над 300 лица.

Само во Кенија животот бројот на загинати достигна 169 лица, соопштија властите во земјата.

Во источноафриканската долина Рифт, при пукање на брана вчера загинаа речиси 50 луѓе, а 26 се уште се водат како исчезнати.

Кенискиот претседател Вилијам Руто рече дека жителите на областите загрозени од поплави или лизгање на земјиштето мора да бидат преместени на безбедно место во рок од 48 часа.

Според метеоролошката служба на земјата, во следните седум дена се очекуваат пообилни врнежи во Кенија.

 

Патиштата се блокирани, а мостовите станаа непроодни, што го отежнува движењето на стоки меѓу земјите во регионот, како меѓу Уганда, Руанда и Демократска Република Конго.

Во Танзанија особено загрозени се крајбрежните области, кои се изложени не само на поројни врнежи, туку и на силни грмотевици и големи бранови.

Во исто време, во последните денови имаше бројни одрони во регионите Аруша и Мањара, популарни туристички дестинации за сафари тури.