Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

(ФОТО) Голем број куќи поплавени во Виена – поројниот дожд го погоди главниот град на Австрија

/

пред 766 дена

Сподели преку :

Поројниот дожд во Австрија предизвика поплави во подрумите и куќите на периферијата на Виена.

Властите евакуираа неколку куќи откако блиската река се излеа од коритото во западниот дел.

Неколку линии на метрото беа затворени превентивно бидејќи водата ги поплави железничките шини на некои локации.

Невремете ја зеде и првата жртва во земјата. Пожарникар починал откако „се излизгал по скали“ додека испумпувал поплавен подрум во градот Тулин, изјави шефот на противпожарната служба на Долна Австрија, Дитмар Фахрафелнер.

Властите ја прогласија целата покраина Долна Австрија за зона на катастрофа, додека персоналот за итни случаи досега евакуираше 1.100 куќи таму.