Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

(ФОТО) Италијанците ја обезбедуваат областа околу кулата Гарисенда за да спречат нејзино уривање

/

пред 1060 дена

Сподели преку :

Италијанските власти прават напори во обезбедување на кулата Гарисенда која датира од 12 век. Стравуваат дека нејзиното навалување може да доведе до колапс и да се урне.

Станува збор за една од двете кули што се издигаар над центарот на Болоња и кои станаа симбол за северниот италијански град.

За обезбедување и градење потпора градот ќе одвои 4,3 милиони евра

Градоначалникот Матео Лепор истакна дека кулата Гарисенда е навалена откако е изградена.

Тој побара од владата да поднесе петиција кулите да бидат ставени на светско наследство на УНЕСКО.

Работата за зајакнување на двете кули е во тек од 1990-тите.

Прелиминарните работи на кулата Гарисенда ќе вклучуваат создавање на простор за задржување за да се спречи каква било штета на блиските структури или опасност на минувачите од „можен колапс“, се вели во соопштението на градот.