Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

(ФОТО) Израелска бомба сруши повеќекатница во Бејрут

/

пред 728 дена

Сподели преку :

Ракета, лансирана од израелски авион, погоди зграда во јужното предградие на Бејрут, Гобеири, во вторникот.

Нападот се случил 40 минути по предупредувањето на израелскиот воен портпарол, кој на социјалните мрежи објавил упатство на арапски за евакуација на луѓето од објектот.

Во пораката тој не објасни зошто зградата е цел на напад, освен што спомена дека е поврзана со „интереси “ поврзани со милитантната група Хезболах.

Нападот предизвика голем број луѓе да побегнат од оваа густо населена област, иако некои, вклучително и новинари, останале на местото за да го набљудуваат нападот.

Пред нападот, зградата беше евакуирана и не беа пријавени жртви.

Неколку минути пред главната бомба да ја сруши, два помали проектила го погодиле покривот нешто што Израелската војска го нарекува предупредувачки удар.

Оваа пракса Израел ја спроведува и при напади во Газа за време на претходни војни.