Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

(Фото) Камионот кој однесе четири животи и неколку часа по трагедијата е на скопската обиколница

/

пред 135 дена

Сподели преку :

Камионот кој удри во возилото во кое се превезуваа три млади момчиња и таткото на едно од нив, и неколку часа по трагедијата е на скопската обиколница.

Собраќајната несреќа се случи на делот од обиколницата помеѓу надвозникот кај Визбегово и клучката Мирковци, синоќа околу 23 часот.

76 годишен возач од Косово кој управувал со камион изгубил контрола над возилото, преминал преку металната ограда во спротивната насока на автопатот и удрил во патничко возило „бмв“ со скопски регистарски ознаки

Од ударот, возилото се запалило. Починаа  три момчиња и таткото на едно од нив. Меѓу загинатите е оперскиот солист Ристе  Велков и неговиот син Адам.

Возачот е лишен од слобода и задржан во полициска станица.

 

Фото Телма