Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

(ФОТО) Најмалку 18 лица загинаа во стампедо на железничката станица во Њу Делхи во Индија

/

пред 610 дена

Сподели преку :

Најмалку 18 лица, меѓу кои 14 жени, загинаа во стампедо на железничка станица во главниот град на Индија, Њу Делхи. Голем број од жртвите биле хинду аџии кои патувале на фестивалот Маха Кумб во Прајаграж во северна Индија.

Стампедото се случи доцна во саботата додека илјадници луѓе беа собрани на железничката станица во Њу Делхи чекајќи да се качат во воз.

Инцидентот се случил откако некои патници се лизнале и паднале врз други додека се симнувале од пешачки мост што ги поврзува железничките перони, соопштија властите.

Премиерот Нарендра Моди рече дека е „потресен од случајот“.

„Моите мисли се со сите оние кои ги загубија своите најблиски. Се молам повредените брзо да се опорават. Властите им помагаат на сите оние кои беа погодени од ова стампедо“, напиша тој на социјалната платформа „Х“.

Министерот за железници Ашвини Ваишнау рече дека е наредена истрага за да се открие што довело до стампедото.

Најмалку 30 луѓе загинаа во стампедо на шестнеделниот фестивал минатиот месец, откако десетици милиони Хиндуси се собраа да се капат во светите речни води.