Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

(ФОТО) Новите сириски безбедносни сили ги бараат силите на Асад кои одбиваат да го предадат оружјето

/

пред 656 дена

Сподели преку :

Сириските безбедносни сили со вооружени возила беа распоредени во градот Хомс во потрага по вооружените сили на поранешниот претседател Башар ал-Асад кои одбиваат да го шредадат своето оружје на новите власти во земјата.

Како што пренесува државната новинска агенција САНА, цитирајќи воен функционер, новите власти предводени од исламската група Хајат Тахрир ал-Шам формирале центри во третиот по големина град во Сирија каде што поранешни војници и милиционери можат да ги предадат своите оружја, како што тоа се случило и во други делови на Сирија.

На почетокот од декември, брзо организирано востание ја сруши децениската власт на Асад за помалку од две недели. Од тогаш, Хајат Тахрир ал-Шам контролира голем дел од Сирија под власт на својот лидер Ахмед ал-Шараа.

Во последните неколку недели, безбедносните сили спроведоа рации и апсења на безбедносни официјални лица кои работеле за Асад под неговата мрежа на познатите безбедносни и разузнавачки служби.