Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

(ФОТО + ВИДЕО) Страотна несреќа во северна Грција, се судрија два воза при што загинаа најмалку 32 патници

/

пред 1330 дена

Сподели преку :

Најмалку 32 лица го загубија животот, а 85 се повредени во железничката несреќа што се случи доцна синоќа пред полноќ во близина на месноста Темпи кај грчкиот град Лариса, кога од засега непознати причини се судрија товарен и патнички воз.

Спасувачките екипи цела ноќ беа на терен, нивната акција продолжува и утрово, а според официјалните информации од Противпожарната служба на Грција, заклучно со 6.30 часот, бројот на хоспитализирани во моментов изнесува 53 патници.

(видео) Сведочење на преживеан во несреќата во Грција: Имаше директен судар, летаа парчиња челик, луѓето беа исплашени

Причината за несреќата и понатаму е непозната, а како што соопштија од компанијата „Hellenic Train“, возот со околу 350 патници што сообраќал на релација Атина – Солун директно се судрил со товарен воз.

Од директниот судир, вагоните излетале од шините, по што избил и пожар со кој биле опфатени три вагони.

Портпаролот на Противпожарната служба на Грција Василиос Ватракојанис утрово соопшти дека акцијата е фокусирана на првите два вагони кои што се превртени, а се интервенира со помош на четири специјални кранови.

Паралелно во тек е и процесот на идентификација на жртвите.