Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

(ФОТО) Тројца загинати, повеќемина ранети во терористичкиот напад во Турција

/

пред 728 дена

Сподели преку :

Три лица загинаа а повеќемина се ранети во денешниот терористички напад врз просториите на турската државна воздухопловна и одбранбена компанија ТУСАС.

Нападот почна со силна експлозија, а потоа следела и вооружена стрелба, соопштуваат турските власти.

Најмалку двајца од напаѓачите се убиени, изјави министерот за внатрешни работи Али Јерликаја. Тој информира дека 14 лица се ранети.

Селим Цирпаноглум, градоначалник на округот Кахраманказан, изјави дека нападот се случил врз компанија сместена во предградието на главниот град Анкара.

За сега не е јасно кој може да стои зад нападот.

Приватната телевизија НТВ соопшти дека групата напаѓачи пристигнале до влезот во комплексот со такси звозио а време на промената на персоналот на обезбедувањето.

Областа над просториите во Кахраманказан, Анкара ја надлетуваат хеликоптери.

ТУСАС е фабрички комплекс кој дизајнира, произведува и склопува и цивилни и воени авиони, беспилотни летала и друга одбранбена индустрија и вселенски системи.

Сликите на безбедносните камери од нападот, емитувани на телевизија, покажуваат човек во цивилна облека кој носи ранец и држи автоматска пушка.

Според фотографиите објавени во медиумите меѓу напаѓачите има и жена.

Претходно, беше објавено дека во комплексот се слушнала експлозија проследена со истрели, а вработените биле пренесени на безбедно место.

(ВИДЕО) Напад на фабрика во Турција, има мртви и повредени. Властите тврдат дека е терористички чин