Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

(ФОТО) Во Лисабон ден на жалост по несреќата во која загинаа 15 лица, а 18 се повредени

/

пред 402 дена

Сподели преку :

Лисабон е во жалост откако фуникуларот „Глорија“, една од најпознатите туристички атракции во градот, излета од шините и удри во зграда, при што загинаа 15 лица, а 18 се повредени.

Несреќата се случила во близина на булеварот „Либердад“, кога, според првичните информации, пукнал еден од каблите, по што возилото се забрзало по стрмнината и излетало од шините.

Очевидци сведочат за силен удар и хаос на местото на настанот.

Меѓу загинатите има и странски државјани, но нивните идентитети сè уште не се објавени.

Возилото имало капацитет од околу 40 патници.

Португалската влада прогласи Ден на национална жалост, а градоначалникот на Лисабон изјави дека ова е „најтажниот ден за градот“.

Истрагата за причините за несреќата е во тек.