Вулканот Етна на Сицилија вчера приреди спектакуларна ерупција, исфрлајќи облаци од чад и пепел неколку километри во воздухот. Според властите, активноста не претставува опасност за населението.
Настанот беше снимен на видеа и фотографии кои брзо се проширија на социјалните мрежи.

Нивото на аларм беше зголемено на аеродромот во Катанија, но не беа пријавени прекини во сообраќајот.
Италијанскиот Национален институт за геофизика и вулканологија соопшти дека до ерупцијата дошло поради колапс на дел од југоисточниот кратер, што предизвикало истекување на врела лава.

Ова е 14-та еруптивна фаза во последните неколку месеци. Опасноста беше ограничена на врвот на Етна, кој како претпазливост беше затворен за туристи.
Италијанските медиуми јавуваат дека потреси од ерупцијата се почувствувале и во градовите и селата на падините на Етна.











