Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

(Фотогалерија) Цистерна излета од патот Гевгелија – Богданци и се запали – пожарот изгаснат, сообраќајот во прекин

/

пред 388 дена

Сподели преку :

Цистерна со нафта се запалила утрово, откако излетала на патот Гевгелија – Богданци, но пожарот бил брзо изгаснат од пожарникарите. Поради инцидентот, сообраќајот на патот Гевгелија – Богданци е во прекин, соопшти директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Стојанче Ангелов.

„Претпладнево цистерна која превезувала нафта излетала од регионалниит пат Гевгелија – Богданци и се превртеле после што дошло до истекување на нафта и палење на истата. ТППЕ Гевгелија брзо стигна на местото на несреќата и со специјална пена го изгасна огнот кој предизвика силен црн чад и во овој момент имаат целосна контрола“, вели Ангелов.

Тој додава дека истекувањето на нафтата продолжува понатаму, но оти опасноста од појава на нов оган е сведена на минимум.