Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

(фото)Пуштени 3.000 фенери во „Ноќта на желбите“ во Атина

/

пред 289 дена

Сподели преку :

Стотици Грци и бројни туристи се собраа пред Градското собрание на Атина синоќа за да си посакаат желба и да пуштат хартиени фенери да пативаат на ноќното небо.

Насобраните луѓе од плоштадот Коѕија пуштија речиси 3.000 фенери во така наречената Ноќ на желбите. Градоначалникот вели ова го обедува градот и го исполнува со љубов и сила.

Жителите на Атина го нарекоа моментот волшебен и кажаа дека се возбудени како деца.

  • „3.000 биоразградливи фенери патуваат низ небото на Атика и го прават нашиот град неверојатно убав. Тие го исполнуваат со светлина и оптимизам, а ова е пораката: дека Атина се нејзините луѓе и дека ние одиме напред кон празниците со оптимизам. Град обединет, со солидарност, љубов и сила“ – Харис Дукас, градоначалник на Атина.

  • „Ова е магичен момент за сите нас. Ова е ноќ на желби дека секој сака најдобро за секого“ – Танос Марагос, жител на Атина.
  • „Возбудени, возбудени. Возбудени за овој ден. Се чувствуваме како деца, како мали деца“ – Лабрини Ларенцаки, жителка на Атина.