Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

(Фото) Швајцарското село под вода, откако се урна глечер

/

пред 506 дена

Сподели преку :

Швајцарското село Блатен е под вода. Поплавени се домови каде што живееја околу 300 жители, а низ новоформираното езерце од урнатион глечер можат да се забележат остатоци од кровови и делови од потопените живеалишта.

Свлечиштето дигна облаци прашина и го покри со кал речиси целото алпско село, кое властите го евакуираа претходно како мерка на претпазливост од уривање, а се уште се трага по едно исчезнато лице.

Глациолозите изразуваат загриженост дека топењето на глечерите во последниве години во голема мера се припишува на глобалното затоплување. Швајцарија како европска земја која не излегува на море, а има најмногу глечери од било која друга земја. Алпите од 1950 година ги изгубиле 50 отсто од својата глечерска површина, додека од 2023 година досега се проценува дека се исчезнати 4 отсто од вкупниот глечерски волумент.

Начинот на кој се уриваат глечерите – од Алпите и Андите до Хималаите и Антарктикот – може да се разликува, велат научниците, но во речиси секој од случаите, климатските промени ја играат главната улога.

(Видео) Се урна глечер во Швајцарија, збришано цело село на Алпите