Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

(Фото) Унгарската влада со антиукраинска кампања во пресрет на парламентарните изборите

/

пред 227 дена

Сподели преку :

Владата на Унгарија, предводена од премиерот Виктор Орбан, започна интензивна антиукраинска кампања додека војната во Украина влегува во петтата година. Низ земјата се поставени билборди финансирани со јавни средства на кои се тврди дека украинскиот претседател Володимир Зеленски, заедно со лидерите на Европска Унија, бараат унгарски пари за финансирање на војната.

Орбан обвинува дека „оската Киев–Брисел“ работи против Унгарија и тврди дека Брисел, а не Русија, претставува најголема закана за земјата. Кампањата доаѓа во пресрет на изборите во април, на кои Орбан се соочува со сериозен предизвик поради економската стагнација, слабеењето на јавните услуги и политичките скандали.

Илјадници постери прикажуваат компјутерски генерирана слика од Зеленски со испружена рака, придружуван од претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен и европратеникот Манфред Вебер, со пораката „Нема да платиме“.

Унгарија воедно го блокираше усвојувањето нови санкции против Русија, користејќи го правото на вето што го има секоја земја членка на Унијата. Сепак, дел од унгарската јавност не ја дели ваквата позиција на владата. Во центарот на Будимпешта стотици Унгарци и Украинци одбележаа четири години од руската инвазија, марширајќи кон руската амбасада со пораки против претседателот на Русија, Владимир Путин.

T.Д.