Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

(фото)Вечер на новогодишна прослава во Швајцарија се претвори во кошмар- десетици загинати, околу 100 повредени во пожар

/

пред 280 дена

Сподели преку :

Кобна новогодишна ноќ на швајцарските Алпи. Неколку десетици луѓе се верува дека загинаа, а околу 100 се повредени по пожарот во барот  Le Constellation, во познатиот ски центар Кран-Монтана. Некои од очевидците изјавија дека пожарот бил предизвикан од пиротехника, по што настанала голема експлозија.

Во тек е идентификување на жртвите и информирање на нивните семејства, но „тоа ќе потрае и засега е прерано да се даде попрецизна бројка“, командантот на полицијата на кантонот Вале, Фредерик Жислер.

  • „Она што може да се каже денес е дека теоријата за експлозија поради напад веројатно може да се отфрли. Дефинирањето и специфицирањето на причините и околностите на овој трагичен настан е прерано да се направи денес“ – Фредерик Гислер, командант на полицијата во кантонот Вале.

Две француски државјанки кои биле во барот синоќа претпоставуваат дека пожарот настанал како резултат на роденденска свеќа била „премногу блиску до таванот“, а целиот објект бил од дрво. Тие тврдат дека една од келнерките ставила „роденденски свеќи“ врз неколку шишиња шампањ, и ги кренала високо, по што пламнал целиот таван. Французинките велат „ние имавме среќа околу 200 луѓе се обидуваа да излезат во рок од 30 секунди низ многу тесни скали“.

Според обвинителството прерано е да се утврди причината за пожарот, бидејќи експертите сè уште не се во можност да влезат во остатоците од објектот.

Конзулатите во Министерствата за надворешни работи од соседните земји, како Франција и Италија ги проверуваат податоците од медиумите за бројот на настрадани нивни државјани.

Возила на Брза помош и хеликоптери, кои од другите земји пристигнаа на помош, пренесуваа ранети во најблиските болници чии капацитети брзо се исполнија. Повикот за спас во полицијата пристигнал околу 1.30 часот по полноќ. Многу брзо беше активиран црвениот аларм, кој ги мобилизира сите пожарникари во регионот, објасни Гилсер.

  • „Ова е една од најзначајните операции што е спроведена. Мобилизиравме речиси поголем дел од противпожарните служби од целиот регион, медицински персонал со поддршка на OCVS, како и сили од кантоналната полиција и меѓуопштинските полициски сили на Кран-Монтана. Тоа е исклучително суштинска операција, која ја одразува трагедијата што ја доживуваме денес“ – Фредерик Жислер, командант на полицијата во кантонот Вале.

Експертите велат дека станува збор за т.н. појава „широко распространување на пожарот“, односно кога пожарот може да предизвика ослободување на запаливи гасови кои потоа можат силно да се запалат и да предизвикаат блескав бран или обратен провев.

Општината Вале го забрани новогодишниот огномет поради недостаток на врнежи од дожд во изминатиот месец и упати апел до локалното население за претпазливост за да избегне какви било несреќи што би можеле да бараат медицински ресурси кои веќе се преоптоварени.

Вале се наоѓа во срцето на Швајцарските Алпи, само 40 километри северно од Матерхорн, еден од најпознатите алпски врвови, и 130 километри јужно од Цирих.

Билјана Ставрова