Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Франција доби нова влада, Лекорну повторно назначен за премиер

/

пред 368 дена

Сподели преку :

Кабинетот на францускиот претседател Емануел Макрон вчера го објави составот на новата влада на Франција предводена од старо-новиот премиер Себастијан Лекорну.

Новиот француски премиер, чија претходна влада траеше само 14 часа, именуваше 34 министри и рече дека главната цел на неговата влада ќе биде да донесе буџет пред крајот на годината.

-Именувана е влада водена од мисија која ќе ѝ обезбеди на Франција буџет пред крајот на годината. Единствено нешто што е важно се интересите на земјата“, напиша тој во објава на Икс, заблагодарувајќи им се на министрите кои, како што рече, учествуваат во ова владино тело потполно слободно, без оглед на лични и партиски интереси.