Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

САД и Франција ја повикаа новата влада да ги почитува меѓународните обврски

/

пред 858 дена

Сподели преку :

На средбата меѓу делегациите предводени од американскиот претседател Џо Бајден и францускиот претседател Емануел Макрон која се одржа во Франција е упатена порака и до новата влада во Скопје, стои во официјалниот брифинг на Белата Куќа.

-Тие (САД и Франција) ја повикуваат новата влада во Северна Македонија да остане фокусирана на патот кон ЕУ и да се придржува до  своите меѓународни обврски, брифираа во Вашингтон за детали од средбата во Франција.

Бајден и Макрон разговарале за западниот Балкан и го потенцирале значењето на евро-интеграциите на регионот.

-Франција и Соединетите Американски Држави ја поздравија континуираната блиска соработка за интеграцијата на Западен Балкан во Европската Унија со цел да се зголеми просперитетот и да се зајакне демократското владеење и владеењето на правото, стои во соопштението за брифингот на кабинетот на американскиот претседател Бајден.