Франција планира да одржи и втор состанок за Украина и за европската безбедносна ситуација, но овојпат ќе бидат повикани земји кои не беа присутни во понеделникот во Париз, како и членката на НАТО, Канада, објави „Ројтерс“, повикувајчи се на неименувани извори.
Два извора, како што се наведува во веста, рекле дека на вториот состанок се поканети Норвешка, Канада, Чешка. Грција, Финска, Романија, Шведска, Белгија и трите балтички земји – Естонија, Летонија и Литванија.
Некои од нив, како што пренесува „Ројтерс“, на состанокот ќе учествуваат преку видеоврска.
Првиот состанок беше организиран поради загриженоста на европските лидери за намерите на американскиот претседател Доналд Трамп за лична средба со неговиот руски колега, Владимир Путин на преговори за Украина.
На состанокот присуствуваа и претседателката на Европската комисија (ЕК), Урсула фон дер Лајен, претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта и генералниот секретар на НАТО; Марк Руте.











