Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Француската брза железница жртва на координирани акти на вандализам пред отварањето на Олимписките игри во Париз

/

пред 818 дена

Сподели преку :

Нападите со предизвикани пожари врз голем дел од француската брза железничка мрежа се координирани акти на „саботажа“, изјави за француски медиуми извор близок до истрагата.

Нападите биле „очигледно координирани“, рече изворот откако железничкиот оператор SNCF објави дека биле жртва на „напад од големи размери за парализирање на мрежата TGV“.

SNCF соопшти утрово дека поради вандалските напади е нарушен транспортниот систем. Соопштението е објавено само неколку часа пред церемонијата на отворање на Олимписките игри во Париз.

Според нви, многу рути ќе мора да бидат откажани и ситуацијата ќе трае „барем цел викенд додека се вршат поправките“.