Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Француски медиуми: Уапсен 18-годишник кој планирал напад за време на Олимписките игри

/

пред 820 дена

Сподели преку :

Француските медиуми објавија дека вчера на поширокото подрачје на Бордо е уапсен маж кој планирал напад за време на Олимписките игри.

Антитерористичката полиција на Франција за Ројтерс го потврди апсењето на југозападот на земјата, во околината на Бордо. Притоа наведе дека е уапсен 18-годишниккој планирал да напад или напади, но не потврди како биле планирани.

„Во процесот на проверка досега е одредена забрана за присуство на Олимписките игри за преку 5.000 луѓе додека за над 1.000 од нив е изречена целосна забрана за присуство“, рече францускиот министер за внатрешни работи, Жералд Дармиан, кој додаде дека се спроведуваат најстроги можни мерки во пресрет на отворањето на Игрите во петок.

„Проверени се сите олимписки волонтери, работници и сите останати лица кои се вклучени во Олимписките игри. Досега направивме над милион безбедносни проверки и продолжуваме со работа на безбедноста на комплетното натпреварување“, истакна Дармиан.