Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Француски земјоделци најавија опсада на Париз

/

пред 1000 дена

Сподели преку :

Францускиот премиер Габриел Атал синоќа вети дека брзо ќе реагира на незадоволството на земјоделците кои за денеска најавија „опсада на Париз“, бидејќи сметаат дека најавените владини мерки се недоволни.

Француската влада синоќа најави присуство на 15.000 полицајци за да спречи трактори денеска да влезат во Париз и во другите поголеми француски градови.

Земјоделските синдикати најавија „опсада на градот“ од рано утринава.

Атал се обиде да ја смири ситуацијата разговарајќи со земјоделците, кои зборуваа за падот на приходите, ниските пензии, инфлацијата и конкуренцијата од странските компании.

Според најавите земјоделците ќе блокираат неколку стратешки важни сообраќајни точки околу Париз, особено околу меѓународниот аеродром „Шарл де Гол“.