Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Габриел Атал на чело на француската влада – Макрон го именуваше новиот премиер

/

пред 1021 дена

Сподели преку :

Габриел Атал, министер за образование, е именуван за нов премиер на Франција. На возраст од 34 години, тој е најмладиот премиер во модерната француска историја и го потисна социјалистот Лоран Фабиус кој имаше 37 години кога Франсоа Митеран го именуваше на функцијата во 1984 година.

Атал доаѓа на местото на Елизабет Борн која поднесе оставка на функцијата по 20 месеци. Низ целиот мандат, таа се бореше со недостиг на мнозинство во парламентот, забележува „Би-Би-Си“.

Атал, кој моментно е на чело на француското Министерство за образование, важи за близок соработник на Макрон кој стана познат како портпарол на владата за време на пандемијата на ковид-19, наведуваат медиумите. Сега ќе има задача да ја води француската влада на важните избори за Европскиот парламент во јуни.