Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Ганц му постави ултиматум на Нетанјаху, илјадници Израелци на антивладини протести во Тел Авив

/

пред 886 дена

Сподели преку :

Илјадници Израелци протестираа во Тел Авив барајќи оставка од премиерот Бенјамин Нетанјаху и постигнување примирје во Појасот Газа за ослободување на преостанатите заложници. Неколку часа пред антивладините демонстрации, членот на израелскиот воен кабинет, Бени Ганц, му постави ултиматум на Нетанјаху. Владата има рок од три недели да состави нов план за повоена Газа, или во спротивност тој и неговата влада ќе ја напуштат владата.

Народот на Израел ве гледа, морате да изберете помеѓу Ционизам и цинизам, помеѓу единство и фракционерство, помеѓу одговорност и беззаконие, помеѓу победа и катастрофа. Ако го ставите националниот интерес пред личниот, и изберете да ги следите чекорите на Херцл, Бен Гурион, Бегин и Рабин, во нас ќе најдете партнери во оваа борба, но ако го одберете патот на фанатиците и ја поведете целата нација кон пропаст, ќе бидеме приморани да се повлечеме од владата, му порача Ганц на нетанјаху.

Потегот на Ганц ги продлабочува веќе сериозните поделби кои започнаа да се појавуваат помеѓу владините коалиционери, а посебно во воениот кабинет кој беше составен по нападот на Хамас на 7 октомври минатата година. Ганц му се приклучи на министерот за одбрана Јоав Галант, кој исто така бара од премиерот јасен план за тоа што ќе се случува по завршувањето на воената операција во Појасот.

Оваа влада ја води нашата држава во насока во кои јас не сакам да ја гледам како оди. Мислам дека моите родители и дедо и баба, кои помогнаа да се изгради оваа држава, исто така не сакале тоа да го видат. Каде и да погледнам, гледам корупција, гледам недостаток на надеж, гледам недостаток на визија, гледам просечност, па дури и помалку од тоа. И сакаме промени, изјави еден демонстрант.

Нетанјаху е под притисок од тврдокорните крила во неговата влада, дел од десничарските партии со кои ја формираше, кои бараат не само армијата да ја заврши операцијата во Газа со офанзивата во Рафа, туку и директна контрола на Израел врз Газа по завршувањето на војната. Од друга страна опозицијата го обвинува дека ја продолжува војната за да избегне распишување избори.

Игор Трајков